Избор задачи
од
геометриски фигури во рамнина
1. Една отсечка е за 18 см подолга од другата.Ако секоја од отсечките се намали за 8см , едната станува 3 пати подолга од другата. Определи ги должините на отсечките.
2. Симетралите на соседните агли α и β се заемно нормални.Пресметај ги аглите α и β ако α-β=30º30’30”.
3. Две кружници се допираат одвнатре.Дијаметарот на поголемата кружница што минува низ центарот на помалата со помалата кружница е поделен на два дела од кои едниот е трипати помал од другиот . Одреди го централното растојание ако дијаметарот на помалата кружница е 4см.
4. Во правоаголникот АВСD симетралата на аголот при темето А ја сече страната CD во точка М така што СМ=5 см. Периметарот на правоаголникот е 36 см. Пресметај ја плоштината на тој правоаголник.
5. Во еден правоаголник ширината е 0,4 од должината а периметарот му изнесува 42 см. Пресметај ја плоштината на правоаголникот.
6. Во рамнокрак триаголник АВС кракот АС =14см. Од средината D на тој крак е издигната нормала којашто кракот ВС го сече во точката Е. Периметарот на триаголникот АВЕ е 22 см. Пресметај ја должината на основата АВ.