Текстуални
задачи од размери 1. Во едно училиште има 760 ученици и
наставници.Момчиња има 8 пати повеќе од
наставници,а бројот на девојчињата спрема бројот на момчињата е 5:4. Колку
наставници ,колку момчиња и колку девојчиња има во училиштето? 2. Фудбалско игралиште во форма на правоаголник
,чија ширина е два пати помала од должината ,нацртано е на два плана : на
едниот во размер 1:2 500, а на другиот во размер 1:7 500. Збирот на обиколките
на двата правоаголници на плановите е 144мм. Најдете ги вистинските должина и
ширина на игралиштето. 3. Растојанието меѓу местата А и B е 300км.Местата С и D се наоѓаат меѓу
местата А и B така што растојанието меѓу местото С и местото B е три пати поголемо од
растојанието меѓу А и С.Растојанието меѓу местото В и местото D е четири пати поголемо од растојанието меѓу А и D. Колкаво е растојанието меѓу местата D и С на карта која е изработена во размер 1:500 000? 4. Горазд и Тимотеј
заработиле одредена сума пари која требало да ја поделат во однос 5:3.
Благајничката Мирјана зграшила и сумата ја поделила во однос 2:3, па така
Тимотеј добил 360 ден.повеќе отколку што требало.Колку пари требало да поделат
Горазд и Тимотеј и по колку требало секој од нив да добие? 5.
Отсечката АВ е поделена во размер 2:3:4 , така што растојанието меѓу
средините на крајните делови е 36см.Колкава е должината на отсечката АВ? |