ПРОЦЕНТИ-текстуални задачи
1. Второто издание на една книга се продавало по цена која претставува 120% од првото издание. Цената на третото издание е за 20% пониска од цената на второто издание.Да се определи кое издание е поефтино првото или третото и за колку проценти?
2. Од некоја сума прво се одбиени 5% за трошоци, потоа 90 денари за заеднички потреби, а остатокот е поделен на три лица подеднакво.Колку изнесува целата сума ако секое лице добило по 160 денари?
2. Од некоја сума прво се одбиени 5% за трошоци, потоа 90 денари за заеднички потреби, а остатокот е поделен на три лица подеднакво.Колку изнесува целата сума ако секое лице добило по 160 денари?
3. Свежо грозје содржи 80% вода, а сувото 12%. Колку килограми свежо грозје е потребно за да се добие 25 килограми суво грозје?
4. Вкупната маса на сад со вода изнесува 2000грама. Одлеани се 20% од водата и вкупната маса се намалила на 88% од првобитната маса.Одредете ја масата на садот и масата на водата.
4. Вкупната маса на сад со вода изнесува 2000грама. Одлеани се 20% од водата и вкупната маса се намалила на 88% од првобитната маса.Одредете ја масата на садот и масата на водата.
5. На почетокот на учебната година во едно училиште имало еднаков број девојчиња и момчиња.Во текот на првото полугодие дошле уште 15 девојчиња и 5 момчиња.После тоа бројот на девојчињата е 51% од вкупниот број на ученици во училиштето.Колку биле момчиња, а колку девојчиња на почетокот на учебната година?