Деливост на природните броеви
1. Најди најмал природен број делив со 6 кој при делење со 4 и 5 дава остаток 2.
2. Најди најмал природен број кој поделен со 3 дава остаток 2, поделен со 4 дава остаток 3 и поделен со 5 дава остаток 4.
3. Определи го најголемиот трицифрен број кој при делење со 3,4,5,6 или 7 дава остаок 2.
4. Збирот на два броја е 120 а нивниот најголем заеднички делител е 24. Кои се тие броеви?
5. Збирот на два броја е 180, а нивниот најголем заеднички делител е 36. Одреди ги тие броеви.
6. Кои цифри треба да стојат на местата a и b во бројот 5a3b за да тој истовремено биде делив со 3 и со 5?
7. Дадени се природни броеви од 1 до 20. Колку парови броеви може да се формираат од нив така што збирот да им биде делив со 3?